ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Македонецот што ги попари врсниците и повозрасните од бундеслигашот Олденбург

(ВИДЕО) Македонецот што ги попари врсниците и повозрасните од бундеслигашот Олденбург

сподели

Младиот талентиран плејмејкер Марко Здравковиќ, роден 2004-та година и член на школата на КК Феникс од Скопје, оваа зима имаше можност да тренира со У19 селекцијата на бундеслигашот ЕВЕ Баскет Олденбург, предводена од тренерот Дејан Мијатовиќ.

Оваа селекција на германската екипа настапува во ЈББЛ, а исто така учествуваше и на Интернационалниот камп Ротенбург, исто така во Германија.

„Искуството е убаво, да се види како во Европа се тренира во младите категории. Германија е земја што многу напредува во кошарката, има силни екипи во силните европски натпреварувања.

За младинските категории, карактеристична е систематската работа преку која правилно се селектираат вистинските потенцијали и ниту еден талент не може да пропадне, доколку сака да тренира и да работи.

Би сакал еден ден да добијам шанса да заиграм за една од силните европски екипи, зошто тоа да не биде и некоја од Германија.“ – низ насмевка ни изјави Здравковиќ.

Кошаркарски вештини, нашиот Марко Здравковиќ ги потврди со освојувањето на првото место во skills chalenge натпрвеварот, со апсолутен рекорд на кампот.