ПОЧЕТНА СП 2019 Македонецот е прва виолина на турската селекција во Кина

Македонецот е прва виолина на турската селекција во Кина

сподели
twitter

Ден пред почетокот на светското првенство, Кошаркарската Федерација на Турција ги соопшти членовите на репрезентацијата што ќе ги брани боите на оваа земја, на претстојниот кошаркарски самит на Далечниот Исток.

Најзвучно име кај Турците, е НБА играчот Џеди Осман кој е роден во Охрид и не ја крие љубовта кон земјата каде што дојде на овој свет, а воедно и не пропушта прилика во летните месеци да го посети родниот град.

На списокот на селекторот Сариџа, се Балбај, Санли, Тунчер, Бирсен, Махмутоглу, Ара, Ерден, Арслан, Илјасова, Коркмаз, натурализираниот Скоти Вилбекин и Џеди Осман. Турција е во група (Е) со Чешка, САД и Јапонија.