ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонец во бордот на ФИБА Европа

Македонец во бордот на ФИБА Европа

сподели
facebook

Во скоро назначениот борд на европската дивизија на Светската куќа на кошарката, има претставник и од нашата земја. Тоа е делегатот Ѓорѓи Пиперков, кој што повеќе години наназад учествува во работата на телата на европскиот огранок.

Во другите комисии на ФИБА Европа, има звучни имиња од минатото на југословенската кошарка:

Техничка комисија
Ѓорѓи Пиперков (МКД)

Комисија за натпреварување
Радослав Нестеровиќ (СЛО)
Дино Раѓа (ХРВ)
Игор Ракочевиќ (СРБ)

Женска Комисија
Разија Мујановиќ (БиХ)

За членови на бордот на ФИБА, од претходното раководство на КФСМ беа предложени екс-претседателот Петар Наумоски и екс-генералниот секретар Моника Гавриловска.

Неофицијално дознаваме дека нивните кандидатури биле повлечени по смената на челото на македонската куќа на кошарката.