ПОЧЕТНА СП 2019 (ФОТО+ВИДЕО) Македонец на Светското првенство во Кина

(ФОТО+ВИДЕО) Македонец на Светското првенство во Кина

сподели

Големата далечина од Македонија до истокот на Азија си го прави своето, па таму има малку жители на нашата земја кои го следат Мундобаскетот.

Можеби некој што живее во Кина, како што е случај со македонскиот стручњак Владимир Мирковски кој неколку години работи како тренер. Во моментов тој е извршен директор и главен тренер во екипите до 12 и 14 години во Интернационалната кошаркарска академија (ИБА) во Фошан.

Поранешниот тренер во Вардар, МЗТ Скопје и Бест ни испрати ексклузивни фотографии и видеа од натпреварот меѓу Србија и Ангола кој се играше токму во Фошан и со кој беше отворен шампионатот, а накратко се обиде и да ни ја пренесе атмосферата.

Владимир Митковски

„Прекрасно беше во арената во Фошан, присутни над 12 илјади гледачи кои уживаа во мајсториите, пред се на српската репрезентација. Имав средби и со дел од кошаркарите и навивачите“, ни изјави Мирковски.

Во Фошан се играат натпреварите од групата Д во која, покрај Србија и Ангола, се уште Италија и Филипини.