ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонец ќе го суди финалето на првенството во Романија

Македонец ќе го суди финалето на првенството во Романија

сподели

Четвртиот ден од август е многу значаен за македонската кошарка и може да ни донесе голема радост.

Македонската јуниорска репрезентација ќе се бори за третото место на Европското Б-првенство во Орадеа кое, освен медал, носи и пласман во елитната дивизија. Натпреварот се игра од 17:30 часот, а веднаш по него е и мечот за титулата во оваа конкуренција меѓу Израел и Полска.

Еден од тројцата арбитри во него ќе биде македонскиот претставник Александар Милојевиќ кој ја доби честа од ФИБА. Тој ќе биде прв судија, а во „тројката“ се уште Валерио Гриџони од Италија и Али Сакачи од Турција.