ПОЧЕТНА Други репрезентации Македонец е МВП на групната фаза од ЕП

Македонец е МВП на групната фаза од ЕП

сподели
FIBA

На шампионатот во Романија најважен е тимскиот резултат, но годи и кога во прв план се индивидуалните перформанси на нашите кошаркари.

Андреј Јакимовски е најкорисен играч на првата фаза од Европското Б-првенство иако не играше во последното коло против Данска. Селекторот Тони Симиќ одлучи да го одмори пред четвртфиналето затоа што овој натпревар немаше резултатско значење.

FIBA

Поради тоа нашиот репрезентативец остана на вкупен индекс 120, но со просек од 30 по натпревар е убедливо на првото место во оваа статистичка категорија. Освен тоа Јакимовски е прв стрелец со просек од 21,8 поени по натпревар и втор скокач со по 10 прифатени топки.

Честитки заслужува и Лука Савичевиќ кој во последното место ја загуби лидерската позиција кај асистентите, но сепак е на второто место со 5,8 додавања по меч.