ПОЧЕТНА Други репрезентации МАКЕДОНЧИШТА: Не има и на трибините во Романија!

МАКЕДОНЧИШТА: Не има и на трибините во Романија!

сподели
fiba.basketball

Иако е мала и скромна, сепак групата за поддршка на јуниорите во нивната битка за пласман во А дивизијата, е елементот што не краси низ годините – каде и да игра Македонија, на трибините има Македонци!

Малку, но гласни и бучни, беа потпора на нашите момчиња до 18 години, коишто ја прегазија Естонија со 92:57 и го чекаат противникот во полуфиналето. За пласман во елитната дивизија, потребна ни е уште една победа.