ПОЧЕТНА ЕВРОПА Макаби ја заокружи спектакуларната домашна серија

Макаби ја заокружи спектакуларната домашна серија

сподели
euroleague.net

Израелската гордост нема намера да го отстапи теренот во Тел Авив на никого, сезонава во Евролига. На 10 натпревари во Менора Мивтахим арената извојува исто толку победи, последната против силниот противник од Милано со 69:63. Макаби има 14/6, Олимпија има учинок 10/10.

Домашните првпат поведоа со тројката и дополнителното слободно фрлање на лидерот Скоти Вилбекин на стартот на второто полувреме, но потоа целосно ја презедоа контролата. Првата виолина имаше 22 поена, Отело Хантер додаде 14 со 14 скока, Дорси имаше 13 поени.