ПОЧЕТНА ЕВРОПА Макаби дома не сака да загуби

Макаби дома не сака да загуби

сподели
euroleague.net

Израелската гордост е непрепознатлива долги години, на меѓународната и на домашната сцена, но сезонава ја почнува жилаво на свој терен. Жолтите ја загубија константната доминантност, но во новата година победија и во вториот меч во Тел Авив.

Жртва беше Валенсија, со 76:63, по победата по продолжението против Звезда во претходниот меч. Скоти Вилбекин постигна 14 поени, Отело Хантер имаше 13 со 8 скока, а Џордан Лојд кај гостите забележа 17 поени. Макаби сега има 2/2, шпанската екипа има 0/4.