ПОЧЕТНА СВЕТ Мајкл сака да биде (како) Леброн

Мајкл сака да биде (како) Леброн

сподели

Најспектакуларниот кошаркар на сите времиња – кој е машина за пари и по завршувањето на неговата кариера, кој е првиот што потпиша доживотен договор со Најки – ќе издвои 100 милиони долари од неговата заработка преку брендот Џордан, наменети за организациите кои промовираат расна еднаквост и социјална правда.

Како што можевме да видиме и во серијалот „Последниот танц“, Мајкл Џордан не застанал во улога на поддржувач на кампањата на еден афроамерикански политичар од С. Каролина кој се кандидирал за функција, односно никогаш јавно не излегол во одбрана на расните проблеми што се присутни во САД во форма во која тоа го прави Леброн Џејмс.

„Мајкл Џордан можеби е најдобриот кошаркар на сите времиња, но Леброн Џејмс е најголемиот спортист на сите времиња.“ – се зборовите на Стивен Џексон, поранешен НБА кошаркар, кој бил одличен пријател на Џорџ Флојд, последната жртва на полициската бруталност во САД.

Стивен Џексон се заколна дека ќе ја поддржува и ќе се грижи за 6-годишната ќерка на Флојд, а Леброн Џејмс уште погласно влегува во дијалог за конечно решавање на расната криза присутна во најразвиената и најбогатата држава на светот.

reuters

Леброн Џејмс не пропушта прилика да се исправи пред проблемите што ги има афроамериканската заедница во САД и луѓето со црна боја на кожата ширум светот, секогаш говорејќи за тоа јасно и гласно, јавно и без влкана на јазикот.