ПОЧЕТНА СВЕТ Мајами остана во живот

Мајами остана во живот

сподели
@MiamiHEAT

Екипата на Хит победи со 108:111 против Лејкерс, во 5-тиот натпревар од НБА финалето и намали на 3:2, во серијата до 4 победи за титулата.

Џими Батлер имаше 35 поени, со 12 скока и 11 асистенции за победникот. Леброн Џејмс имаше 40 поени со 13 скока и 7 асистенции, кај поразените.

Данкан Робинсон имаше 26 за Мајами, Ентони Дејвис 28 за тимот од ЛА. Леброн го изедначи рекордот на Дерек Фишер – 259 плеј-оф натпревари.