ПОЧЕТНА СВЕТ Мајами има балканец во двоецот за победи

Мајами има балканец во двоецот за победи

сподели
фото: Miami Heat

Џими Батлер постигна 30 поени во првото полувреме, вкупно имаше 34 во триумфот на екипата на Хит, со 124:108 против тимот на Феникс Санс. Ол-Стар играчот на составот од Флорида, имаше голема помош од Горан Драгиќ.

Иако стартува од клупата, ветеранот (12) имаше одлични бројки – 20 поени во второто полувреме, од вкупно 25, за четвртата победа на неговиот тим на последните пет натпревари, веднаш по (-20) поразот против Денвер Нагетс.