ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Магија во Гостивар: Серија од 24:0 за прво место!

Магија во Гостивар: Серија од 24:0 за прво место!

сподели

Кожув ги имаше сите услови да слави убедлива победа на најтешкиот терен во Македонија: убедливо водство, течна игра и противник во нокдаун. И место мирно да го приведе натпреварот кон крај, му дозволи на Гостивар да излезе од понорот и да слави со 81:71 за прво место на табелата иако заедно со уште три екипи.

Одлучија осумте минути од преминот од третата во последната четвртина во кои домаќините направија серија од 24:0 и од 47:59 отидоа на 71:59. Кожув се обиде со неколку тројки, но на ист начин врати Гостивар и на крајот дојде до убедлив триумф. Најзаслужен за него беше Донован Доналдсон кој постигна 31 поен и 6 скока за индекс 34.