ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Магична последна четвртина на Димитријевиќ, недоволна за победа!

Магична последна четвртина на Димитријевиќ, недоволна за победа!

сподели
Club Joventut Badalona

Хувентут го претрпе првиот пораз во топ-16 фазата од Еврокупот и тоа од својот шпански ривал Уникаха. Натпреварот во Малага заврши со триумф на андалузискиот тим од 90:84 и покрај добриот финиш на противничкиот состав.

Токму тогаш се разигра македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој во последните три минути постигна девет од своите 16 поени на мечот. Со нив беше најефикасен во својата екипа, но не успеа да и донесе победа.