ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МАГДЕВСКИ: Уште не сме во најдобра форма, но победуваме

МАГДЕВСКИ: Уште не сме во најдобра форма, но победуваме

сподели

Репрезентативниот плејмејкер е единствениот играч во актуелниот тим на МЗТ Скопје кој дел од кариерата помина во тимот на Гостивар.

Иако играше само една полусезона, остави одличен впечаток и тоа му беше отскочна даска за премин во редовите на клубот од Аеродром. И една година подоцна Андреј Магдевски се сеќава на деновите поминати во Гостивар и знае која е најголемата опасност за неговиот тим во дербито на третото коло.

„Со сигурност не очекува тежок и интензивен натпревар, со тим кој што игра добра и пред се паметна кошарка. Цел град живее за вакви настани, салата сигурно ке биде исполнета и ке има добра атмосфера за играње.

Што се однесува до МЗТ Скопје, одиме чекор по чекор, добро е тоа што не играме некоја сјајна кошарка, а имаме позитивни резултати. Се уште е почеток и како што ќе поминува сезоната ќе играме подобро“, изјави Магдевски за basketball.mk