ПОЧЕТНА Некатегоризирана Лузерите од Њујорк: Од Дурант и Ирвинг до Рендл и Портис

Лузерите од Њујорк: Од Дурант и Ирвинг до Рендл и Портис

сподели

Колку само убаво звучеше приказната од пред неполн месец кога Никс и навивачите сонуваа дека ќе победат на лотаријата пред НБА драфтот, ќе имаат можност да го бираат првиот пик и потоа ќе направат тим што ќе се бори за титулата.

Првиот чекор назад беше токму лотаријата, не добија шанса да бираат први и потоа се се распадна. Се спомнуваа Зајон Вилијамсон, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг, Ентони Дејвис, Џими Батлер…

Екипата заврши со Џулиус Рендл кој потпиша тригодишен договор за 63 милиони долари, Боби Портис (31 милион за две сезони), Таџ Гибсон (20 милиони за две сезони) и Реџи Булок (21 милион за две сезони).

Вилијамсон заврши во Њу Орлеанс, Дејвис во Лејкерс, Ирвинг и Дурант во Бруклин, а Батлер во Мајами.

„Разбираме дека некои навивачи на Никс се во депресија по последните трансфери, но ние остануваме оптимисти и веруваме во нашите планови дека преку драфтот и слободни играчи можеме да го реновираме тимот кој во блиска иднина ќе се бори за шампионската титула“, се обидува да ја смири ситуацијата претседателот на франшизата Стив Милс.

Њујорк Никс не играл во плеј-офот шест сезони, во финале не се пласирал од 1999 година, а последната (од само двете) шампионски титули датира од 1973 година.