ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Луксембург плати за сите фрустрации

Луксембург плати за сите фрустрации

сподели
FIBA

Младинската репрезентација на Македонија дојде до првата победа на Европското првенство Б-дивизија во Португалија.

Не смееше да биде поинаку, се освен убедлив триумф ќе беше огромно разочарување за нашите кошаркари. На крајот триумфираа со 93:64 и против Словачка ќе се борат за третото место во групата што, со оглед на двете катастрофи во првите две кола, би претставувал солиден успех.

FIBA

Очигледната разлика во квалитет дојде до израз уште во првото полувреме во кое македонската селекција речиси постојано се наоѓаше во водство. Почнавме со 7:0, Луксембург се консолидира и израмни на 15:15, но до крајот на првата четвртина кошаркарите на Дарко Радуловиќ направија +5 (23:18).

FIBA

Во 13-тата минута првпат имавме двоцифрена предност (29:18) и тука згаснаа сите надежи на противникот дека може да дојде до сензација. Без разлика на тоа што се работеше за далеку послаб противник, пристапот на нашите кошаркари беше поинаков во однос на претходните натпревари.

FIBA

Дамјан Крстевски имаше свој ден, постигна 22 поена со пет тројки и само две промашувања од игра. Какруки оствари дабл-дабл со 14 поени и 10 скока, а единствениот слаб елемент во нашата игра беа слободните фрлања имајќи предвид дека беа промашени 7 од 23.