ПОЧЕТНА СВЕТ (ФОТО+ВИДЕО) Лука најмлад до 20/15/15

(ФОТО+ВИДЕО) Лука најмлад до 20/15/15

сподели
essentiallysports.com

Далас ја забележа 26-тата победа во сезоната откако на гостински терен го совлада Сакраменто со 123:127, а најзаслужен за тоа беше Лука Дончиќ. Словенецот одигра уште една одлична партија, во која стана најмладиот играч кој остварил „барем“ 20 поени, 15 скока и 15 асистенции во еден натпревар.

Публиката во „Голден 1“ центарот, не остана рамнодушна ни на одличните потези на 20 годишникот.

Во својата втора сезона во НБА лигата, Дончиќ бележи просек од 28.9 поени, 9.6 скока и 8.8 асистенции по натпревар.