ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Лука Дончиќ – новото „бело чоколадо“ во НБА

(ВИДЕО) Лука Дончиќ – новото „бело чоколадо“ во НБА

сподели

Далас Маверикс загуби од Детроит Пистонс со 124:117 во подготвителниот натпревар пред новата сезона, но тимот од Тексас има многу причини за задоволство.

Најголемата од нив поради одличната форма во која се наоѓа Лука Дончиќ. Словенецот имаше слободно лето, не играше на Светското првенство, а очигледно долгата пауза ја искористил за да напредува на физички и технички план.

Постигна 21 поен, но изненади со неколку потези кои досега не беа карактеристични за него. На пример оној кога со дриблинг во стил на Џејсон Вилијамс ја измами противничката одбрана и постигна кош.

Вилијамс своевремено го носеше прекарот „Бело чоколадо“, Дончиќ е подготвен да му го преземе.