ПОЧЕТНА Европски првенства Луди резултати на Европското првенство во Скопје

Луди резултати на Европското првенство во Скопје

сподели
FIBA

Очигледно огромна е разликата меѓу селекциите кои настапуваат на континенталниот шампионат од Б-дивизијата во македонската престолнина.

Тоа можеше да се забележи уште во првото коло во кое имаше неколку исклучително интересни резултати.

Најлошо помина Косово кое на отворањето на првенството загуби од Словенија со 12:97. Во првите три четвртини косовските кошаркарки постигнаа по два поена, а двоцифрената граница ја поминаа во 35-тата минута.

Турција го победи Исланд со 103:41, Шведска славеше против Албанија со 100:46, а Данска против Норвешка со 86:29. Денот го комплетира Португалија со триумф од 92:35 против Бугарија.