ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Лудата завршница на драмата во Градски парк

(ВИДЕО) Лудата завршница на драмата во Градски парк

сподели
Мираковски ја доби првата тешка тактичка битка (фото: Александар Ристовски)

Второ коло од Првата лига, големо дерби и неверојатен натпревар во режија на Работнички и Гостивар.

Во безмалку три секунди се случија многу возбудувања. Гостите имаа шанса да дојдат до првата победа во Градски парк откако пред две сезони се вратија во елитната дивизија, водеа со еден поен разлика пред последниот напад на вицешампионот, но не издржаа.

Димитар Мираковски ја доби првата тесна битка како тренер, направи акција по која Мијатовиќ остана сам под кошот, доби правовремена топка од Бенџамин и му донесе победа на Работнички.

Тоа е слична акција како онаа во полуфиналето од Купот на Македонија минатата сезона, кога МЗТ Скопје преку Бојиќ дојде до израмнување и продолжение против Работнички.