ПОЧЕТНА ЕВРОПА Лудата трка на Фенер

Лудата трка на Фенер

сподели

Истанбулскиот тим го загуби директниот дуел со Барселона за потписот на Шарунас Јаискевчиус, кој реши кариерата да ја продолжи во Блауграна.

Литванецот и ја донесе првата европска титула на каталонската гордост, како играч, во 2003-та со Светислав Пешиќ (кого сега го наследи) на клупата.

Иако турскиот гигант нудел повеќе пари, сепак останал со празни раце, а потоа се свртел на пазарот по најдобриот слободен стратег и го решил случајот за 24 часа.

FIBA

Фенербахче успеа за еден ден да го убеди селекторот на Србија и асистент во Сакраменто, Игор Кокошков да ги напушти НБА, Кингс и Америка.

Договорот е потпишан на три години, сумата сигурно е милионска, ако се знае дека претходникот Жељко Обрадовиќ имаше плата од 3.300.000 по сезона.