ПОЧЕТНА Евролига ЛОТАРИЈА: Ќе и врати ли Реал на Барса, со исто?

ЛОТАРИЈА: Ќе и врати ли Реал на Барса, со исто?

сподели

Каталонците се засилија со поранешен играч на мадридската екипа, лутиот и омразен ривал на сите нивоа. Уште еднаш се покажа дека ниските страсти се всушност измислени да се пали рајата, а кога станува збор за биснис нема емоции.

Ако Барселона од НБА го купи детето на противникот, Никола Миротиќ кој што прво му се нудел на Реал, но бил одбиен како прескап, може ли сега кралскиот клуб да врати со ангажман на дел од играчите на кои што им истекоа договорите со каталонската гордост?

euroleague.net

Мислиме на Крис Синглтон и Кевин Серафан, кои што исто така имаат НБА искуство, но се на (не)милост на Светислав Пешиќ.

Двајцата се центри, играат таму каде што редовите на белата чета стануваат најтенки, а каде што војската во сино-гарнет комбинација го зацврстува бедемот.

euroleague.net

Познавајќи го српскиот стратег, многу е веројатно овие двајца да ја видат вратата на Блауграна.

Првиот поради “недоволен перформанс” (се очекуваше повеќе од него), а вториот поради “недисциплина” (се сеќаваме кога беше испратен во соблекувалната, сред натпревар).

euroleague.net

Ова се само претпоставки, но се сеќаваме и на случајот Анте Томиќ – премина од Реал во Барса и се препороди.

Може ли претседателот-манијак-за-трошење-пари Флорентино Перез, повторно да активира нова психолошка бомба?

(***Се шпекулира дека францускиот интернационалец Серафан е желба на Панатинаикос и Олимпијакос, но ништо не е готово додека не се случи…)