ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лоша прва, добра втора четвртина

Лоша прва, добра втора четвртина

сподели

basketball.mk во Крајова

Работнички има негатива по првото полувреме од дуелот со Динамо Букурешт, но исто така има и тенденција на подобрување на играта.

Лошо го почна мечот, во првите пет минути прими 22 поена и на крајот од првиот период беше 14:33. Екипата од Букурешт шутираше одлично, постигна четири тројки од шест шута и ги реализира првите седум напади од натпреварот. Втората четвртина далеку подобра, особено во одбраната за Работнички.

Почна со серија од 11:0 за нашиот тим, романскиот прволигаш не можеше три минути да го најде патот до кошот и на полувреме се замина со предност на Динамо од 43:48. Вторите десет минути му припаднаа на нашиот тим со 29:15.

Најдобар играч во редовите на Работнички повторно е Хејден Лесколт кој постигна 15 поени, Атанасов реализира девет, а Глигоријевиќ 7.