ПОЧЕТНА Репрезентации Лош старт на македонските младинци

Лош старт на македонските младинци

сподели
КФСМ

Убедлив пораз претрпе селекцијата на Македонија составена од кошаркари до 20 години на почетокот од пријателскиот турнир што се одржува во Скопје.

Во првото коло нашите се совладани од Црна Гора со 45:75, пред се поради второто полувреме во кое постигнаа само 15 поени. Во првиот дел држевме рамнотежа во играта и резултатите, но во вторите 20 минути дојде до целосен колапс.

КФСМ

Јордановски со 10 поени беше единствениот кошаркар со двоцифрен ефект во македонската репрезентација која шутираше мошне лошо: 32% од игра, 27% за два поена, 16% (1/6) од линијата за слободни фрлања.

КФСМ

Во вториот натпревар од првото коло на турнирот, Русија го совлада Косово со 77:43. Во вториот круг македонската репрезентација игра со Косово.

КФСМ

Турнирот во Скопје е дел од подготовките за нашиот тим за Европското првенство Б-дивизија кое ќе се одржи од 12 до 21 јули во Матосињос, Португалија.