ПОЧЕТНА Други репрезентации Лош ден за македонската младинска кошарка

Лош ден за македонската младинска кошарка

сподели

Две наши репрезентации, во машка и женска конкуренција играа на меѓународна сцена и забележаа убедливи порази.

Женската кадетска селекција без ниедна победа и со пораз од Исланд со 43:84 го заврши својот настап на Европското првенство Б-дивизија во Софија, освојувајќи го 22-рото место од 23 репрезентации. Нема да испадне во Ц-дивизијата бидејќи таму се сели Албанија која беше последна.

Нашите млади кошаркарки одиграа седум натпревари, претрпеа исто толку порази, а само од Швајцарија загубија пристојно – со 6 разлика. Другите беа од 39 до 77 поени негатива. Титулата ја освои Словенија која во финалето беше подобра од Португалија со 71:56.

Машката репрезентација до 14 години играше против Хрватска на турнирот „Словенија бол“ и загуби со 62:122. Последниот меч е со Унгарија во борбата за пласман на седмата позиција.

За првото место ќе се борат репрезентациите на Словенија и Израел.