ПОЧЕТНА СП 2019 Литванија најубедлива, Германија испушти сензација

Литванија најубедлива, Германија испушти сензација

сподели
FIBA

Репрезентацијата на Литванија оствари највисока победа од сите селекции на стартот од Светското првенство во Кина.

Го победи Сенегал со 101:47 и можеби најави дека е способна за високи дострели на овој Мундијал иако речиси никој не ја вбројува меѓу главните кандидати.

И покрај тоа што постигна 101 поен, никој во репрезентацијата не ја мина границата од 13, а толку имаа Калниетис, Валанчиунас и Сабонис. Кај Сенегал ниеден кошаркар не постигна двоцифрен број поени.

Европското дерби меѓу Франција и Германија беше еден од најинтересните натпревари во првото коло. „Триколорите“ водеа во текот на сите 40 минути, на полувреме имаа +24 (52:28), но дозволија победата да биде доведена во прашање.

На две минути пред крајот на натпреварот Шредер намали на 71:68, а во последните пет секунди се влезе со 76:74 за Франција. Сепак, немаше време за целосен пресврт и Французите ги освоија бодовите триумфирајќи со 78:74.

Убедливо најдобар играч беше Фурние со 26 поени, а Мбаје постигна 21. Кај Германците, Фојтман реализира 25 поени, а Шредер 23.