ПОЧЕТНА Некатегоризирана Лиса Лесли ќе „застане“ покрај Меџик, Џабар и Шекил

Лиса Лесли ќе „застане“ покрај Меџик, Џабар и Шекил

сподели

Една од најдобрите кошаркарки во историјата наскоро би можела да ја добие најголемата чест за еден спортист.

Лос Анџелес Тајмс објави дека се прават подготовки на Лиса Лесли да и биде направена статуа која ќе стои пред Стејплс центарот. Со тоа таа ќе стане прва спортистка во историјата со такво признание.

Уште не се знае кога точно ќе се случи тоа, но статуа на Лесли речиси сигурно ќе има покрај оние на Меџик Џонсон, Карим Абдул Џабар и Шекил О’Нил.

Американската кошаркаркарка освои две титули во ВНБА лигата, три пати беше прогласена за МВП и осум пати учествуваше на Ол-стар натпреварите.