ПОЧЕТНА Други репрезентации (ЛИНК) ФИБА прашува кој треба да биде МВП, гласајте за Јакимовски!

(ЛИНК) ФИБА прашува кој треба да биде МВП, гласајте за Јакимовски!

сподели

Групната фаза од континенталниот Б-шампионат во Романија заврши, според статистиката најдобар играч е нашиот репрезентативец, но ФИБА на својата интернет страница ги праша љубителите на кошарката кој заслужил да го понесе признанието.

Во моментов во убедливо водство е Ноам Шимон Доврат од Израел за кого гласаче 84% од гласачите, Јакимовски е втор со 6%.

На овој ЛИНК можете да гласате Јакимовски да го добие своето признание иако тоа не е официјална награда, туку само опипување на пулсот кај навивачите и лична сатисфакција.

Со индекс 120 на четири натпревари (во последното коло не играше) кошаркарот од Крива Паланка беше најдобар во првата фаза и со нетрпение го очекува четвртфиналниот дуел против Естонија.