ПОЧЕТНА СП 2019 (ВИДЕО) Лесно им е на Србите со плеј од 222 сантиметра

(ВИДЕО) Лесно им е на Србите со плеј од 222 сантиметра

сподели
FIBA

Репрезентацијата на Србија со убедлива победа ја почна втората фаза од Светското првенство, а за играч на натпреварот беше прогласен Бобан Марјановиќ.

За 16 минути во игра постигна 16 поени, 4 скока и 1 асистенција – и тоа каква.

Во третата четвртина прими една топка на центарот на игралиштето, направи еден дриблинг и во стилот на Меџик Џонсон, без гледање, го проигра Јовиќ.