ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Слушнав дека Работнички има најдобри навивачи, едвај чекам да ги видам

Слушнав дека Работнички има најдобри навивачи, едвај чекам да ги видам

сподели

Новото странско засилување на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив ги брои последните денови пред доаѓањето во Скопје каде треба да се приклучи на подготовките за новата сезона.

Хејден Лесколт игра на плејмејкерската позиција, последната сезона настапуваше во Австрија и треба да биде еден од лидерите на Работнички. Засега тој е единствен странец во составот, се очекува тимот од Градски парк дополнително да се засили до почетокот на сезоната.

„Возбуден сум што ќе играм во клуб со толку долга, славна историја и освоени трофеи. Со нетрпение ја очекувам новата сезона, а од она што го дознав, Работнички има најдобри навивачи во Македонија. Едвај чекам да заиграм пред нив.

Исто така, знам дека тренерот е нов, но со големо кошаркарско искуство, меѓу другото и како репрезентативец на Македонија. Се надевам дека од него многу ќе научам“, изјави Лесколт за basketball.mk.

Работнички последната сезона го освои Купот на Македонија, но загуби од МЗТ Скопје во финалето од плеј-офот. Од Градски парк си заминаа речиси сите кошаркари, останаа само Николовски, Ефремовски и Младеновиќ.

Нови играчи засега, освен Лесколт, се Србинот со македонски пасош Теодор Атанасов, потоа Горан Главчев и Стеван Глигоријевиќ.