По 53 години, поранешниот НБА шампион ја напушти Оракл арената и во иднина своите натпревари ќе ги игра во новоизградениот Чејс центар.
Пред бројни симпатизери и блиски на франшизата од Сан Франциско, отворено е модерното здание кое има капацитет од 18.064 места. Сопственик е Голден Стејт Вориорс, а лентата ја пресекоа лично газдите Џо Лејкоб и Питер Губер. Градбата почна на 17 јануари 2017 година, заврши пред крајот на минатата сезона.
Ribbon is cut & we are home.#DubNation || @ChaseCenter pic.twitter.com/qEVHc757q8
— Golden State Warriors (@warriors) September 3, 2019
Чејс центарот се наоѓа на 18 километри од досегашниот дом на тимот. Се простира на 19 илјади квадратни метри и ќе го има најголемиот семафор во НБА.
Првиот натпревар во новата арена ќе се одигра на 5 октомври против Лос Анџелес Лејкерс, но тој меч не е официјален, туку е дел од претсезоната. Во рамките на НБА лигата, прв гостин ќе биде Лос Анџелес Клиперс на 24 октомври.