ПОЧЕТНА Некатегоризирана ЛЕНАРД: Торонто ќе го има последниот збор!

ЛЕНАРД: Торонто ќе го има последниот збор!

сподели
yahoo.sports

Најдобриот играч на финалната серија во НБА лигата ќе биде во улога на слободен агент и се погласно се шпекулира дека тој ќе се пресели од Торонто, во родниот ЛА, трансфер во кој што се вмешаа и двете франшизи од Градот на ангелите.

Сите ќе преговараат со Кави Ленард, но тој изјави дека неговата актуелна екипа Репторс, со која што ја освои историската прва титула, ќе ја има последната шанса, на крајот да ја прикаже својата презентација, откако ќе поминат сите други.

Раководството на канадскиот тим Торонто Репторс е убедено дека Кави Ленард и следната сезона ќе го носи дресот на оваа франшиза, иако Лејкерс и Клиперс се екстремно агресивни, а во шпекулациите се споменуваат и Њујорк Никс.