ПОЧЕТНА НБА Ленард се сели во Лос Анџелес!?

Ленард се сели во Лос Анџелес!?

сподели
rock947.com

Најдобриот играч во финалната серија од НБА лигата стана слободен агент и во следниот период ќе ги сослуша понудите за него пред да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Предност да го задржи има Торонто Репторс, но за 2-ри јули има закажана средба со претставници на Лос Анџелес Клиперс кои треба да му ги обелоденат своите планови.

„Помалата“ екипа од Ел Еј е заинтересирана за Кави Ленард уште кога тој го напушташе Сан Антонио Спарс, но тогаш немаше доволно средства во буџетот за да го донесе во своите редови.

Официјално Ленард ќе биде слободен агент од 1-ви јули, конечната одлука за продолжување на кариерата се очекува да ја донесе до крајот на идниот месец.