ПОЧЕТНА НБА Ленард потпишува за Лејкерс за 24 часа

Ленард потпишува за Лејкерс за 24 часа

сподели

Најкорисниот играч од финалната серија меѓу Торонто и Голден Стејт е најбаран играч во моментов на НБА трансфер пазарот.

Новиот шампион сака да го задржи во своите редови, но заинтересирани за него се франшизите од Лос Анџелес – Лејкерс и Клиперс. Во текот на денот тој имал средби со нивни претставници по што треба да се види и со менаџментот на Репторс.

Но, без оглед на тоа, новинарот на Фокс Спортс, Кри Брусард тврди дека одлуката е донесена и дека најдоцна за 24 часа Кавај Ленард ќе биде играч на Лејкерс.

„Имам информација дека Ленард ги избрал Лејкерс. Имаше средба со Клиперс и ги извести дека нема да се пресели таму. Очекувам во следните 24 часа да го објави својот трансфер во Лос Анџелес Лејкерс“, објави Брусард.

Ако навистина се случи ова, Ленард ќе има можност и со трета екипа да освои шампионска титула бидејќи во Лејкерс се веќе Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.