ПОЧЕТНА СВЕТ Ленард ја дроби конкуренцијата

Ленард ја дроби конкуренцијата

сподели
LA Clippers

Последниот МВП на финалињата ја повтори формата од битката за титулата со Торонто и донесе победа за Клиперс кај Вориорс, со 122:141. Кави постигна 21 поен за 21-на минута во три четвртини, имаше и 9 асистенции и 5 скока.

Ова беше втора победа, во два одиграни меча од стартот на новата сезона, за ЛА Клиперс. Прво беше совладан составот на Лејкерс, а потоа и на финалистот, со што Ленард и компанија испраќаат јасна порака до останатиот НБА свет.