ПОЧЕТНА Некатегоризирана Ленард изненади – ни Лејкерс, ни Репторс!

Ленард изненади – ни Лејкерс, ни Репторс!

сподели

Најкорисниот играч од финалната серија последната сезона, наводно, ги информирал сите заинтересирани за него дека донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Така тврди најпознатиот американски кошаркарски новинар Адријан Војнаровски. Тој објави дека следен тим на Кави Ленард ќе биде Лос Анџелес Клиперс со кого веќе се договорил за соработка. Ќе потпише на четири години за 142 милиона долари.

Уште поголемо изненадување е тоа што друштво во новата франшиза ќе му прави еден од најдобрите кошаркари во лигата Пол Џорџ. Оклахома и Клиперс го договориле трејдот во кој ќе бидат вклучени Шеј Гилџес-Александер, Данило Галинари и неколку идни пикови на драфтот.

Трејдот на Џорџ во Клиперс бил еден од условите на Ленард да се пресели во Лос Анџелес. Тој инсистирал да му биде донесена најмалку уште една ѕвезда со која екипа ќе биде конкурентна во борбата за титулата претстојната сезона.

Ова значи дека во новата натпреварувачка кампања ќе гледаме силно градко дерби меѓу Лејкерс и Клиперс – на едната страна (најмалку) Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а на другата Кави Ленард и Пол Џорџ.