ПОЧЕТНА Некатегоризирана Лејкерс во еден ден потпишаа осум кошаркари

Лејкерс во еден ден потпишаа осум кошаркари

сподели
The Bird Writes

Кога ја имаш базата се е полесно, па и втората најтрофејна франшиза во НБА лигата брзо пополни голем дел од ростерот за новата сезона.

Колдвел Поуп и МекГи (фото: LA Lakers)

До пред неколку дена беа само двајца, а сега се веќе 10 откако Лејкерс за 24 часа потпишаа осум играчи.

Кук, Казинс и Грин (фото: LA Lakers)

Дел од нив се повратници бидејќи беа слободни играчи откако им истекоа договорите со екипата од Лос Анџелес, но другите се нови. На располагање на тренерот Френк Вогел се: Ентони Дејвис Дени Грин, Кентавиус Колдвел Поуп, ЏаВејл МекГи, Квин Кук, ДеМаркус Казинс, Ражон Рондо и Алекс Карузо.

Тие им се приклучуваат на ЛеБрон Џејмс, Кајл Кузма и Ентони Дејвис. Изгледа дека и тоа не е се бидејќи во текот на претстојната недела се очекуваат уште неколку потписи.