ПОЧЕТНА СВЕТ Лејкерс си поиграа со Хјустон за западно финале

Лејкерс си поиграа со Хјустон за западно финале

сподели
@Lakers

Со резултат 119:96, екипата од ЛА се пласира во битката за титулата во западната конференција, со вкупни 4:1 во соочувањето со Рокетс.

Леброн Џејмс постигна 29 поени, Кузма додаде 17, Маркиф Морис имаше 16, Дени Грин постигна 14 поени, а Ентони Дејвис имаше 13.

Ова ќе биде прво западно финале за Лејкерс по последната шампионска сезона (2019/10), а 11-то за Леброн по 6-те со Мајами и 4 со Кливленд.

Џејмс Харден постигна 30 поени за поразените, Џеф Грин имаше 13, Расел Вестбрук 10 поени. Најверојатно, во Рокетс ќе има сериозни промени.