ПОЧЕТНА СВЕТ Лејкерс повторно во контрола на финалето

Лејкерс повторно во контрола на финалето

сподели
@Lakers

Со победата 102:96, екипата од ЛА дојдо до водство од 3:1 во финалната НБА серија против Мајами, па на следниот меч може да ја запечати титулата, која ја нема освоено од 2010-та година (4:3, против Бостон).

Леброн Џејмс имаше 28 поени, со 12 скока и со 8 асистенции. Ентони Дејвис постигна 22 поена за победникот, а во таборот на поразените Хит се истакнаа Џими Батлер со исто толку поени и Тајлер Хиро со еден помалку.