ПОЧЕТНА НБА Лејкерс не можат да запрат, донесоа уште еден играч

Лејкерс не можат да запрат, донесоа уште еден играч

сподели
Slam

Франшизата од Лос Анџелес не остава ништо на случајноста, речиси го комплетира составот, а донесе уште еден играч кој треба да има значаен придонес во борбата за шампионската титула.

Ејвори Бредли потпиша двегодишен договор за 9,7 милиони долари со тоа што само од него зависи дали ќе остане и втората сезона. Официјално уште не е се завршено затоа што 28-годишниот кошаркар треба да реши некои формалности со Мемфис, но се очекува тоа да се заврши најдоцна за 2-3 дена.

Во деветте сезони во НБА, Бредли просечно постигнува по 12 поени на натпревар и во раководството и стручниот штаб се оптимисти дека може да претставува големо засилување.