ПОЧЕТНА СВЕТ Лејкерс и Кралот се вратија на престолот

Лејкерс и Кралот се вратија на престолот

сподели
@Lakers

Со победата 93:106 за вкупни 4:2 во финалната НБА серија против Мајами, екипата од ЛА и најдобриот играч на денешницата, се новите шампиони во најквалитетното кошаркарско натпреварување на светот.

Леброн Џејмс беше прогласен за МВП на финалето, на последниот натпревар имаше 28 поени со 14 скока и 11 асистенции. Тој е првиот играч во историјата, што бил прогласен за МВП во три различни тима (Мајами, Кливленд).