ПОЧЕТНА СВЕТ Лејкерс и Бостон, како некогаш?

Лејкерс и Бостон, како некогаш?

сподели
NBA.com

Двата тима имаат скор 6/1 на стартот на сезоната. Двете екипи имаат серија од 6 победи, откако стартуваа со загубен натпревар на отворањето на новата сезона.

Статистичката блискост вели дека двата тима постигнуваат скоро ист број поени по натпревар (111/110) и дозволуваат скоро ист број примени поени (101.1/102.0).

И Лејкерс и Селтикс, во домашните натпревари што досега ги одиграа имаат по 3/0, а на гостински терен двете екипи имаат по 3/1, што е раритетно и куриозитетно.

Единствената разлика од минатото – Лејкерс со полни со ѕвезди, додека Сетикс имаат неверојатна тимска хемија – што повторно може да им донесе голем резултат.

Последен патсе сретнаа во финалето 2010-та година, кога победија Брајант (4:3) со помош на Артсетс во дефанзивата и Гасол на двата краја од рекетот.

Претходно 2008-та (4:2), Коби не можеше сам да им парира на Пирс, Гарнет и компанија, последната златна генерација на најтрофејниот колектив, Селтикс.