ПОЧЕТНА СВЕТ Лејкерс го изедначија рекордот на Бостон

Лејкерс го изедначија рекордот на Бостон

сподели
@Lakers

Франшизата од ЛА го оствари долгоочекуваниот сон, да биде натрофејната во историјата на НБА лигата. „Проблемот“ е што тој епитет го дели со вечниот и најлут ривал, Бостон Селтикс. Двата тима имаат по 17 пехари.

Ако е за некаква утеха, ЛА Лејкерс имаат одиграно повеќе НБА финалиња, 33 наспроти 21. Но, резултатот во финалните серии меѓу овие два тима, кои се сретнале рекордни 12 пати, е 9:3 за екипата на Бостон Селтикс.