ПОЧЕТНА НБА Легендарниот тренер на Јута Џез на смртна постела

Легендарниот тренер на Јута Џез на смртна постела

сподели
Brian Bahr /Allsport

НБА франшизата од Солт Лејк Сити никогаш не ја освоила шампионската титула, но два пати кога беше најблиску до неа, на клупата седеше еден од најдобрите тренери во историјата Џери Слоун.

Нешто повеќе од две децении по вториот настап во финалето, 77-годишниот стручњак е во многу тешка здравствена состојба. Блиските до него тврдат дека ги брои последните денови како последица на Паркинсоновата болест и деменцијата.

„Секој ден е различен за него, некој подобар од претходниот, но најголемиот дел од нив лоши. Тој е физички и ментално лимитиран, мора постојано некој да се грижи за него. Претходните години беше способен да оди на натпреварите на Јута Џез, сега не може“, тврди новинарот на Солт Лејк Трибјун, Гордон Монсон.

Pinterest

Иако најголем дел од тренерската кариера помина во Јута, Слоун почна во Чикаго Булс, екипата каде 10 години беше активен играч и кој му го повлече дресот со број 4.

Меѓу другите успеси, тој е на четвртото место на листата на тренери со најголем број победи со 1221. Пред него се Грег Попович (1245), Лени Вилкенд (1332) и Дон Нелсон (1335).

Двете болести му се дијагностицирани во април 2016 година, половина деценија откако ја напушти Јута Џез во која претходно работеше 23 години.