Иако играше против аутсајдер во рамките на второто коло, сепак перформансот на селекцијата на нашиот северен сосед влева страв и трепет кај противниците.
Тоноста, прецизноста и решителноста, не зависат од силата на опонентот, туку од мотивот кај оној што доминира. Ако беа вака мотивирани Србите против Филипини, колку ли ќе бидат против Италија?
Српската репрезентација славеше со 126:67, постина најмногу поени на еден натпревар на ова СП, ја оствари својата најголема победа (+59) во историјата, шутираше со монструозни 75% од поле.
„Фошан е на половина час возење од мојот дом, го направив распоредот да можам да присуствувам на овој натпревар. Ова беше убава ноќ, имаме добра екипа, одличен селектор и стручен штаб, квалитет, талент…
Дуелот со Италијанците во третата рунда ќе биде многу битен, но јас очекувам победа за полесен пат до полуфиналето.“ – рече Драган Стојковиќ, некогашниот фудбалер на Југославија и Србија.

Популарниот Пикси сега е тренер во кинескиот Гвангжу, а кога играше беше член на најславната генерација на Црвена звезда која без него триумфира во Купот на европските шампиони 1991-та година, сезона во која тој направи трансфер во Олимпик Марсеј кој беше противникот на црвено-белите во финалето во Бари.
Знаете кој го постигна победничкиот гол, нели?