ПОЧЕТНА СП 2019 (ВИДЕО) Легендарниот Аргентинец – втор стрелец на Мундијалите

(ВИДЕО) Легендарниот Аргентинец – втор стрелец на Мундијалите

сподели

Првиот светски шампион во историјата на овие првенства со многу проблеми ја совлада Нигерија во второто коло, но натпреварот помина во знакот на легендарниот крилен центар Луис Скола.

Во првата четвртина тој стана втор стрелец на Мундијалите надминувајќи го Ендрју Гејз од Австралија кој во својата кариера постигна 594 поени. На кошаркарот на Шангај Шаркс му требаа шест поени за да го стигне Гејз, а тој заврши со 23.

Убедливо на првото место на листата на стрелците останува поранешниот бразилски репрезентативец Оскар Шмит со 843 поени.