ПОЧЕТНА СВЕТ Леброн во друштво на Џабар и Мелоун

Леброн во друштво на Џабар и Мелоун

сподели

Лос Анџелес Лејкерс ја продолжи победничката серија во новата сезона, остварувајќи го седмиот триумф во низа, откако на стартот загуби од Клиперс.

Во Стејплс центарот го победи Мајами со 95:80, но и овој натпревар помина во знакот на Леброн Џејмс. Тој постигна 25 поени и по 1.000-ти пат во НБА кариерата ја надмина границата од 20 на еден меч.

Со тоа стана третиот играч во историјата на НБА лигата што ја пробил оваа граница. Пред него се само Карим Абдул Џабар со 1.122 и Карл Мелоун со 1.134, но Леброн сигурно ќе се обиде да го собори и овој рекорд до крајот на кариерата иако ќе му требаат уште најмалку две цели сезони.

Најголемиот предизвик за Леброн оваа сезона, покрај шампионската титула, ќе биде да го помине Коби Брајант на третото место на вечната листа на стрелци. За тоа му недостасуваат уште 892 поена.