ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Леброн трагичар за Лејкерс

(ВИДЕО) Леброн трагичар за Лејкерс

сподели
orlandosentinel.com

Маркел Фултз и Орландо се „виновни“ за прекин на серијата од девет победи во низа на Лејкерс, откако изминатата вечер составот од Флорида славеше во Лос Анџелес со 118:119. Во неизвесната завршница поснаодлив беше гостинскиот состав, додека Леброн Џејмс промаши шут за продолжение на 4 секинди пред крајот на натпреварот.

Фултз го предводеше својот состав со 21 поен, 11 скока и 10 асистенции, додека Џејмс беше лидер на Лејкерс со 19 поени и 19 асистенции. По овој натпревар Лејкерс остануваат први на Западот со 33/8, додека Орландо се седми на Истокот со 20/21.