ПОЧЕТНА СВЕТ Леброн може и без Дејвис?

Леброн може и без Дејвис?

сподели
фото: LA Lakers

Џејмс постигна 31 поен против Кливленд во победата на Лејкерс со 128:99, што е деветта редоследна за најгламурозната НБА франшиза. Кралот имаше 23 поени во доминантното второ полувреме, а Хауард имаше 21 поен со 15 скока.

Домашната екипа постигна 88 поени во второто полувреме што е рекорд на франшизата во последните 33 години. Џејмс имаше и 8 асистенции, со кои го помина Ајзеа Томас на 8-та позиција на вечната НБА листа на додавачи.

Ова беше трета победа по ред, без повредениот Ентони Дејвис кој има проблеми со грбот, за екипата што е меѓу најголемите фаворити за титулата. Кај Кавалирс, Кевин Лав кој не играл против Леброн од 2014-та година, постигна 21 поен.